ВИДЕО: Руските напади уништија голем дел од украинската енергетска инфраструктура

Од:

Руските сили синоќа извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура во западна и јужна Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика.

„Објектите на украинскиот оператор Укренерго се оштетени во регионите на Запорожје на југот на земјата и во Лавов на запад“, соопшти Министерството, додавајќи дека во нападите се повредени двајца вработени.

Министерството потсетува дека ова е осми поголем напад врз украинските електрани во последните три месеци, што често резултираше со прекини на електричната енергија. Во соопштението се наведува дека електроенергетската мрежа на Украина се бори да ги издржи целните руски воени напади.

Украинските власти објавија дека во големиот ноќен руски напад во четвртокот, енергетската инфраструктура, вклучително и електраната, била значително оштетена, а седуммина вработени биле ранети.

Володимир Зеленски рече дека верува дека половина од енергетскиот капацитет на Украина е уништен во досегашните засилени руски напади. Утрово тој повика „што е можно поскоро да се постават соларни панели и единици за складирање енергија во секое училиште и болница“.

Генералниот директор на операторот ДТЕК, Максим Тимченко, предупреди дека доколку нејзините западни партнери не се мобилизираат, Украина би можела „се соочи со сериозна енергетска криза оваа зима“.

Затоа, Киев го повикува Западот да му помогне да ја обнови електричната мрежа, проект кој бара значителни инвестиции и да обезбеди испорака на повеќе опрема за противвоздушна одбрана во Украина, што е важно за спротивставување на руските бомбардирања.

Имајќи го предвид ова, Вашингтон „донесе тешка, но неопходна одлука“ да и даде приоритет на Украина пред другите сојузнички земји кога станува збор за набавка на ракети што се користат за противвоздушна одбрана.

Би можело да ве интересира

Русија: „Америка е влезена во војна, реакцијата на Москва ќе ве боли“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимен моментот кога ракетите ATACMS паѓаа на сред плажа на Крим

Разговараа американскиот и рускиот министер за одбрана, објавија различни верзии за разговорот

ВИДЕО: Силен удар на Крим, убиени две деца

Предраг Петровиќ

Украинци мислеле дека бегаат од земјата, па биле регрутирани „на измама“

Предраг Петровиќ

Во соседтвото никнува најголемата НАТО база во Европа