Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков изјави дека три руски тенкови ја преминале границата и влегле во Украина, пренесе „BBC“.
Тој наведе дека тенковите поминале покрај контролните пунктови во Луганск, кој е под контрола на проруските сили.
Како што пренесе „Ројтерс“, Аваков ја обвини Русија дека влегувањето на тенковите и други воени возила кои се наоѓаат на украинска територија, се со цел да им помогнат на проруските борци.
Луганск и Доњецк минатиот месец одржаа референду на кој изгласаа дека не сакаат повеќе да бидат дел од Украина и прогласија независност.
Е. Г.