ВИДЕО: Руски падобранци се спуштиле во близина на Северниот пол

Од:

Руски падобранци во рамки на маневрите со кои треба да ја демонстрираат воена сила на Русија, во екот на тензиите со Запад околу украинската сила, се спуштиле на санта лед во близина на Северниот пол.

Како што пренесуваат медиумите руското Министерство за одбрана соопштило дека војниците подигнале логор и дека во вежбите учествувале тешки транспортни авиони со кои се пренесени контејнери со опрема.

Командантот на руските воздухопловно десантни сили, генерал полковник Владимир Шаманов изјавил дека покрај 85 руски војници, на сантата се спуштиле и 15 војници од Белорусија и Таџикистан.

Тој додал дека војниците тука ќе останат една недела и дека ќе спроведуваат вежби за потрага, спасување и други задачи.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот