(ВИДЕО) Руската мобилизација е дебакл: Регрутите сами треба да си набават шлемови, панцири, лекови и батериски ламби

Од:

Осум дена откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи „делумна“ мобилизација, прилично е јасно дека оваа очајна мерка за пресврт на војната во Украина се претвори во целосен дебакл.

Преполни аеродроми и огромни редици на граничните премини со соседните земји, од Финска до Монголија, протести од Москва до Новосибирск, запалени центри за регрутирање и несреќни регрути без обука и опрема – доказ дека руската армија не е во состојба да ја спроведе мобилизацијата нарачана од Путин.

Дури и лојалните пропагандисти на Путин од државната телевизија признаваат дека мобилизацијата, најблаго речено, не оди според планот и дека „голем број луѓе вклучени (во мобилизацијата) заборавиле да си ја завршат работата“. Предупредија дека очигледно не се регрутираат само резервисти со претходно воено искуство – напротив, покани добиваат студенти, лица над возрасната граница, како две лица на возраст од 59 и 62 години, тешко болни, наставници и вработени во стратешки важни компании.

А пропагандистите на Путин ги нарекуваат службениците за регрутирање „идиоти“

„Секој идиот на тие позиции, кој решил да покани музичар, човек со милион болести или да му пријде на студент, и покрај вчерашниот посебен декрет со кој се објаснуваат исклучоците, таков човек не само што треба да биде казнет туку и прв да биде испратен во фронтот“, рече Соловјов во својата емисија во неделата.

„Ако ним (регрутите) им се дадат скапани работи, ако немаат шлемови, немаат панцир, никој нема да го скрие тоа“, додаде тој, отворено признавајќи ги срамните снимки на Русија на регрути со антички, рѓосани пушки и без основна воена опрема.

Во една касарна која очигледно ја снимил незадоволен руски регрут, нема ни кревет. Човек кој вели дека си оди дома ги снима собите во кои наводните регрути буквално лежат на подот бидејќи немаат кревети.

Истакнатиот критичар на Путин и некогаш најголемиот инвеститор во Русија (се додека не беше цел на режимот) Бил Браудер, исто така, објави труд во кој наводно им се даваат на руски регрути – список на предмети што мора да ги набават сами, од шлемови до панцири, лекови и батериски ламби.

Би можело да ве интересира

Русија соопшти дека повлекла над 30.000 војници од регионот Херсон

А1он

Заврши делумната мобилизација во Русија

Фон дер Лајен: Руските напади врз украинската инфраструктура се воени злосторства

А1он

Форбс/Русија – 700.000 луѓе ја напуштиле Русија по повикот за мобилизација

Русија ги менува правилата за мобилизација

Воен аналитичар: Ако Путин изврши нуклеарен напад, тоа ќе биде крај на светот

А1он