Телевизискиот канал на руското Министерство за одбрана објави снимка од сириски борци кои позираат со руски знамиња и симболот „З“.
Според руското Министерство за одбрана, станува збор за „доброволци“ кои се подготвени да се борат за Русија во инвазијата на Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска даде зелено светло за испраќање 16.000 „волонтери“ од Блискиот Исток во Украина, каде што треба да се борат заедно со проруските сепаратисти.
The Russian Defense Ministry’s TV channel just shared this footage of Syrian combatants ready to “volunteer” in Ukraine. (Putin moments ago endorsed such deployments, claiming that the West is openly sending mercenaries.) pic.twitter.com/ouCfjAcSde
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) March 11, 2022
Овој потег, нешто повеќе од две недели по почетокот на инвазијата, и овозможува на Русија да распореди искусни платеници од земји како Сирија, намалувајќи ги дополнителните ризици од руски воени жртви. На состанокот на Советот за безбедност на Русија, министерот за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека 16.000 доброволци од Блискиот Исток се подготвени да се борат во редовите на проруските бунтовници во Донбас во источна Украина.
„Ако видите дека има луѓе кои сакаат да им помогнат на луѓето кои живеат во Донбас сами, а не за пари, тогаш треба да им дадеме што сакаат и да им помогнеме да дојдат во зоната на конфликтот“, рече Путин во Кремљ. .
Видеото беше објавено на Твитер од Кевин Ротрок, уредник на Медуза, еден од ретките преостанати независни руски медиуми.