Остатоците од соборените руски беспилотни летала погодија цивилни цели во Харков, вториот по големина град во Украина, рано утринава, при што беа повредени четвворица меѓу кои и дете и предизвикаа пожар во деловна зграда, изјави регионалниот гувернер.
Russia has struck the Ukrainian city of Kharkiv tonight
Four people were injured, including one child. pic.twitter.com/IrQhnoDLDR
— NEXTA (@nexta_tv) May 4, 2024
Олех Синехубов, пишувајќи на апликацијата за пораки Телеграм, рече дека 13-годишното дете и жената се лекуваат во болница. На втората жена и била укажана помош на лице место.
Службите за итни случаи го ставаат пожарот под контрола, додаде тој.