Во врска со последиците од масовниот руски напад врз регионот на Киев, шефот на Киевската ОВА, Руслан Кравченко изјави дека тревогата траела повеќе од пет часа.
„За жал, за време на воздушниот напад врз регионот на Киев, беше нападнат критичен инфраструктурен објект“, рече Кравченко.
❗️ The Russians have hit the Trypilska thermal power station in Kyiv region, one of the largest in Ukraine
Video of the fire are being circulated by the occupier's media.
There are also reports of strikes on thermal power plants in Lviv, Kharkiv and Ivano-Frankivsk regions. pic.twitter.com/Sx4w6cQSnx
— NEXTA (@nexta_tv) April 11, 2024
Засега нема информации за жртви или загинати.
Руската армија ја нападна Украина со беспилотни летала и проектили.
Најтешка е ситуацијата во регионот Харков, само врз градот имало повеќе од 10 ракетни напади.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија во текот на ноќта ја нападна Украина со повеќе од 40 проектили и 40 дронови.
Украинскиот национален мрежен оператор Укренерго соопшти дека неговите трафостаници и производствени капацитети во пет региони биле оштетени од руските напади во текот на ноќта.