Две лица се повредени, а десетици станбени и други објекти се оштетени во руски ракетен напад врз регионот на Киев во текот на ноќта, изјави денеска шефот на регионалната државна администрација.
Од трите проектили лансирани од Русија, украинскиот систем за противвоздушна одбрана уништи два над регионот на Киев, изјави командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук.
Во својата изјава на Телеграм, Олешук не кажа што се случило со третиот проектил. На социјалните мрежи се шири видео од руски проектил како лета над Киев.
Фрагменти од проектилот повредија две лица, на кои не им беше потребна хоспитализација, изјави на Телеграм Руслан Кравченко, шеф на администрацијата на регионот Киев.
Як мінімум чотири крилаті ракети летіли через Київщину. https://t.co/Jhi230pT7k pic.twitter.com/VxhHvwDUSs
— monitor (@war_monitor_ua) June 23, 2024
Остатоци од ракетите според украинските власти оштетија и шесткатни згради и повеќе од 20 приватни куќи, додаде Кравченко. Освен тоа, оштетени се бензинска пумпа, аптека, управна зграда и три автомобили во регионот.
Киев, неговиот околен регион и неколку други ширум Украина беа под тревога за воздушен напад околу еден час утрово, почнувајќи од 4:50 часот по локално време.
Очевидци на Ројтерс објавија дека слушнале неколку експлозии во и околу Киев во тоа време.
Според досегашните податоци, во нападот нема жртви или материјална штета, изјави Александар Богомаз, гувернер на областа Брјанск, во апликацијата за пораки Телеграм.
Русија вчера го нападна Харков и удри во станбена зграда во Харков. Во нападот на вториот по големина украински град загинаа две лица, а 53 беа повредени. Меѓу нив има и три деца.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара поголема помош за да и помогне на земјата да се справи со растечката закана од такво оружје.
„Потребни ни се силни одлуки од нашите партнери за да ни овозможат да ги запреме руските терористи и руските воздухопловни сили таму каде што се“, извика Зеленски.
Тој подоцна во своето вообичаено ноќно обраќање рече дека Русија само во јуни употребила над 2.400 наведувани бомби врз украински цели. Околу 700 од нив беа упатени во Харков, рече тој.
This could be any street in Europe, on any sunny Saturday.
This is Kharkiv every day under Russian terror.pic.twitter.com/XvOqmfltUP— Jessica Berlin (@berlin_bridge) June 22, 2024
Џесика Берлин од тинк-тенк Центарот за анализа на европската политика објави застрашувачко видео од нападот. „Ова може да биде која било улица во Европа. Ова е Харков секој ден под руски терор“, напиша таа.