Руските сили ја почнаа првата фаза од вежбите кои вклучуваат „рачна обука за подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува „Њузвик“.
Во соопштението се вели дека вежбите вклучуваат хиперсонични ракети Кинжал опремени со „специјални боеви глави“.
Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин се одлучи на овој потег, велејќи дека тоа е одговор на „милитантните изјави“ на западните претставници.
🚨 🇷🇺BREAKING: RUSSIA BEGINS NUCLEAR WEAPONS DRILLS
Russian forces have launched the first phase of high-stakes non-strategic nuclear weapons drills in the Southern Military District.
Exercises include:
– Obtaining and equipping Iskander missiles with special ammunition and… pic.twitter.com/yHRpR2P9BJ
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) May 21, 2024
Руското Министерство за одбрана објави дека персоналот на Јужниот воен округ почнал со обука и извршување на борбени задачи со „специјална муниција“ за ракетните системи Искандер. Беше објавена и првата снимка.
На видеото се гледаат воени транспортни возила како возат до местото каде што се поставени проектилите на локацијата за лансирање.
Вежбите се одржуваат во јужниот воен округ на Русија долж украинската граница и делови од Украина кои се под контрола на Русија. Белорусија, каде Русија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.
Тактичкото или нестратешкото нуклеарно оружје е помалку моќно од стратешкото оружје дизајнирано да уништи цели градови, но сепак има огромен деструктивен потенцијал.