ВИДЕО: Русија напредува во регионот на Харков, голема евакуација

Од:

На северот на Украина се водат жестоки битки по ненадејниот руски упад кој започна во петокот. Оттогаш, повеќе од 2.500 луѓе се евакуирани од регионот Харков, изјави регионалниот гувернер. Украина, да потсетиме, веќе некое време ја очекува руската летна офанзива. Едно од сценаријата е можен обид за заземање на Харков, вториот по големина град во Украина.

Според тврдењата на Москва, руските сили досега освоиле девет села во близина на границата, од кои четири само денеска. Повеќето од нападите се насочени кон градот Вовчанск, чиј пад значително ќе го олесни натамошното продирање на руските сили во североисточниот дел на Украина. Вовчанск синоќа И УТРОВО беше жестоко нападнат со бомби, ракети, артилерија и дронови Русите буквално го претвораат во прав и пепел.

Украина утрово објави дека руските сили нападнале дури 27 населени места во нова офанзива. Украинските специјални сили синоќа соопштија дека биле принудени да се повлечат пред руските напади од неколку позиции на северот на регионот Харков.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави за новинарите дека Русија „ќе направи дополнителен напредок во наредните недели во обид да воспостави тампон зона долж украинската граница“. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека новата руска офанзива на север е „исклучително опасен момент“ за Украина.

Во текот на викендот и денеска Украина го нападна Белгород, руски град на границата со Украина. Руски извори тврдат дека во уривањето на најмалку 10 ката од погодената станбена зграда загинале седум лица, а десетици луѓе се повредени. Се претпоставува дека станува збор за украински одмазднички напад.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Руските сили ја презедоа контролата врз населбата Калиново во Доњецк, Украина

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украински дрон истури течен метал врз руски позиции

Бројот на загинати се зголеми на 47, а на ранети на 206 во рускиот напад на Полтава

Што значи за Украина губењето на првиот Ф-16 и еден од најдобрите пилоти