(ВИДЕО) Русија: На местото на падот на хеликоптерот Ми-8 на Камчатка се пронајдени 17 тела

Од:

Припадниците на руската спасувачка служба пронашле тела на 17 жртви на местото на падот на хеликоптерот Ми-8 на Камчатка, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

„Досега веќе се пронајдени 17 тела, но потрагата продолжува“, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува агенцијата Интерфакс.

Хеликоптерот Ми-8 полета од областа на вулканот Вачкажец и требаше да слета на локацијата Николаевка, но околу 7.15 часот по московско време, комуникациската врска со екипажот на хеликоптерот, кој превезуваше 22 лица се прекина.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади