Во две одвоени престрелки во првите часови од Новата година, во реонот на Лос Анџелес, загинаа три лица, а 12 се ранети, пренесува АП.
Во пукање на забава во индустриска област во центарот на Лос Анџелес две лица загинаа, а осум други се ранети, соопштија властите.
Полицајците кои реагираа на извештаите за истрели околу 1 часот по полноќ во понеделникот пријавиле дека слушнале истрели и затекнале толпа која бегала од областа, а неколку ранети лежеле на улица и тротоар, соопшти локалната полиција во соопштение за печатот, додавајќи дека еден маж и една жена загинале на лице место.
Состојбата на повредените не е позната, а нема информации за осомничениот за престрелката.
Инспекторите веруваат дека пукањето настанало поради расправија на забавата, која се одржала во индустриска област каде што се наоѓаат магацини и деловни згради.
Во меѓувреме, Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес истражува одвоено пукање во кое една жена загина, а четири лица се ранети рано во понеделникот во Хоторн.
Едно лице е во критична состојба, додека три се стабилни, јави телевизијата КАБЦ.
Нема апсења и нема информации за осомничените.