Во северна Индија, спасувачите продолжуваат да извлекуваат 40 работници кои се затрупани повеќе од два дена по уривањето на тунелот во изградба.
Labores de rescate para sacar con vida a 40 obreros atrapados en un túnel en la India pic.twitter.com/x9pbtpXNvr
— Post (@PoostNeews) November 14, 2023
Официјалните лица се надеваат дека операцијата за спасување ќе биде завршена во следните 24 часа и велат дека сите работници се живи и се снабдуваат со храна и вода преку цевковод.
Во спасувачката акција учествуваат околу 200 спасувачи со багери и друга опрема, пренесува АП.
Тунел се урна во неделата во индиската држава Утаракханд, а владин претставник изјави дека уривањето е предизвикано од лизгање на земјиштето.