Претседателот на Русија, Владимир Путин минатиот викенд среде ноќ на нозе кренал 160.000 војници, 1.000 тенкови, воени авиони, хеликоптери и бродови и сосема неочекува ја започнал една од најголемите воени вежби во државата.
Како што пренесуваат медиумите, министерот за одбрана Сергеј Шојгу ноќта помеѓу сабота и недела добил наредба да ја провери борбената подготвеност на Источната команда, во рамки на која делуваат силите на рускиот Далечен исток и Трансбајкалските регии.
Веднаш потоа наредба за вежби добиле и официјалните лица на Источната команда, кои воопшто не биле запознаени за што се работи, но веднаш кренале на нозе 160.000 лица, кои започнале да ги исполнуваат зададените вежби.
-Главната цел за овие активности е да се провери подготвеноста на воените единици за извршување на задачите и техничка способност на воените лица-стои во соопштението на Министерството за одбрана.
Овие изненадувачки вежби станаа вообиечаени откако Шојгу при крајот на минатата година беше именуван за министер за одбрана.
Елена Георгиевска