(ВИДЕО) Пукотници во Балтимор – шестмина ранети, меѓу нив и дете

Од:

Шестмина ранети, меѓу кои и петгодишно девојче е епилогот по масовно пукање што се случи во станбена област во Балтимор, соопшти локалната полиција.

Пукањето се случило синоќа околу 21:00 часот по локално време кај граѓани кои се собрале на отворено за да вечераат заедно, изјави комесарот на полицијата во Балтимор, Ричард Ворли, на вонредна прес-конференција, според ABC News.

Петгодишно девојче е застрелано во раката, но, како што нагласи Ворли, повредата не е опасна по живот.

Најтешко повреден е 38-годишен маж чиј живот е во опасност, додека другите повредени се 23-годишна жена и тројца мажи на возраст од 32, 33 и 52 години.

– Засега имаме многу малку информации. Знаеме само дека се испукани повеќе истрели и дека има повеќе жртви – рече Ворли.

Според него, присутните биле собрани пред куќата и вечерале кога, како што се претпоставува, непознато лице одеднаш отворило оган.

Би можело да ве интересира

Пукање во Њу Хемпшир, еден е убиен, неколкумина се повредени

Најмалку 13 лица повредени во две пукотници во Минеаполис

(ВИДЕО) Тројца полицајци се убиени, а двајца се ранети во Пенсилванија

Трамп ќе ја испрати Националната гарда во Чикаго и Балтимор

Осум мртви, 50 ранети во пукотници за време на празничниот викенд во Чикаго

Градоначалникот на Минеаполис бара забрана за оружје по пукањето во училиште