(ВИДЕО) Пуч во Јужна Кореја – избувнаа судири, парламентот гласаше за укинување на воената состојба

Од:

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол прогласи воена состојба, велејќи дека мерката е неопходна за „да се заштити земјата од комунистичките сили“.

„Со цел да се заштити либералната Јужна Кореја од заканите од комунистичките сили на Северна Кореја и да се елиминираат антидржавните елементи. Со ова прогласувам вонредна состојба“, рече Јун во телевизиско обраќање во живо до нацијата, обвинувајќи ги опозициските сили за контролирање на парламентот, сочувство со севернокорејскиот режим и „парализирање на владата со антидржавни активности“.

Во вонредното телевизиско обраќање, Јун, исто така, ја истакна потребата од „искоренување на просевернокорејските сили и заштита на уставниот демократски поредок“.

Прогласувањето воена состојба не значи објава на војна, туку мерка која ѝ овозможува на војската да ја преземе контролата врз цивилните власти со цел да се одржи редот и безбедноста. Ова може да вклучува ограничувања на граѓанските права, како што се слободата на движење и собирање, и воведување медиумска цензура.

Ваквите мерки обично се преземаат во ситуации на сериозна закана за националната безбедност, како што се надворешни закани или внатрешни немири.

Овој потег на претседателот Јун Сук-Јол предизвика загриженост кај јужнокорејската јавност за влијанието врз демократските процеси во земјата, а опозициската Демократска партија свика итен состанок на своите претставници за да разговара за ситуацијата.

Јужнокорејските парламентарци гласаа за блокирање на декретот за прогласување вонредна состојба.

За оваа одлука гласаа 190 претставници во 300-члениот парламент. Не е познато како оваа одлука ќе влијае на самото прогласување вонредна состојба.

Законот го обврзува претседателот да ја почитува одлуката на законодавниот дом.

Јужнокорејскиот претседател претходно ги отфрли повиците за независни истраги за скандалите со неговата сопруга и високи функционери.

Би можело да ве интересира

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

Јужнокорејските истражители не успеаја да го уапсат суспендираниот претседател

Јун Сук Јеол одби да биде уапсен, вели „ќе се бори до крај“