(ВИДЕО) Прво обраќање на Фицо по атентатот: „Му простувам, нема да го тужам“

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо нема да го тужи опозиционерот Јурај Цинтула кој го застрела.

„Нема да покренам никаква тужба против него и нема да барам отштета, му простувам и нека сфати што направил, зошто го направил тоа“, рече премиерот во обраќањето пред граѓаните.

Фицо додаде дека атентаторот бил само „гласник на политичка омраза“ за словачката опозиција.

Словачкиот премиер планира да се врати на работа во јуни или јули.

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Фицо: ЕУ мора да се оддалечи од војната во Украина и да стане суверена на своите позиции

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО