Илјадиници Романци учествуваа синоќа во антивладини протести во 10 градови противејќи се на новите даночни измени за кои сметаат дека ќе предизвикаат намалување на платите.
Демонстрантите во Букурешт извикуваа „Оставка“ и носеа романски знамиња.
Романската Влада на 8 ноември со декрет усвои непопуларна мерка со која трошоците за плаќање придонес за социјално осигурување се префрлаат на работниците што досега беше обврска на работодавецот. По усвоените мерки, вредноста на националната валута се намали на најниско ниво од 2012 година.