ВИДЕО: Демонстрантите ја добија битката, Грузија го повлече спорниот закон за „странски агенти“

Од:

Грузиската владејачка партија денеска соопшти дека бесусловно го повлекува предлог-законот за „странски агенти“ по две ноќи насилни протести против во Тбилиси.

Владејачката партија Грузиски сон во соопштение рече дека „безусловно ќе го повлечеме нацрт-законот што го поддржавме без никакви резерви“, наведувајќи ја потребата да се намали „судирот“ во општеството.

Претходно во текот на ноќта судирите меѓу демонстрантите и полицијата продолжија на улиците на Тбилиси.

Демонстрантите ноќеска поставуваа барикади и продолжија да се конфронтираат со полицијата која користеше солзавец и водени топови.

Поддршка за протестите даде и украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Контроверзниот закон за странски агенти требаше да ја опфати работата на невладините организации и на медиумите кои во одреден дел се финансирани од странство.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија