ВИДЕО: Прикажана снимка од тортура: Израелски војници врзаа ранет Палестинец за џип

Од:

Припадниците на израелските одбранбени сили (ИДФ) врзаа ранет Палестинец за хаубата на воен џип за време на рација во градот Џенин на Западниот Брег, а израелската армија најави истрага за инцидентот.

Видео кое кружи на социјалните мрежи, потврдено од Ројтерс, на џипот го покажува жителот на Џенин, Муџахед Азми.

ИДФ во соопштението наведе дека врз израелските сили било пукано и дека тие возвратиле и го раниле Азми, по што тој бил заробен. Армијата во соопштението наведува дека војниците потоа го прекршиле воениот протокол, како и дека нивното „однесување не е во согласност со вредностите“ на израелската армија.

Овој инцидент, како што е најавено, ќе се истражува. Ранетиот Палестинец е пренесен во болница, се додава во соопштението.

Според семејството на Азми, имало рација при што тој бил ранет, а кога семејството повикало брза помош, војската го врзала за хаубата и го однела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилство на Западниот Брег: Израелски доселеници го запалија селото, убија Палестинец

Катерина Ѓуровски

Израелската армија соопшти дека се убиени двајца заложници: Најверојатно по грешка ги убивме