(ВИДЕО) Претседателскиот авион на Трамп избегна судар со патнички авион

Од:

Американскиот претседателски авион, „Ер Форс Уан“, беше вклучен во драматичнa ситуација во воздух со патнички авион додека го носеше американскиот претседател Доналд Трамп во Велика Британија во вторник вечерта.

Контролорот на летање беше принуден да интервенира кога забележа дека авионот на „Спирит ерлајнс“ се приближува кон претседателскиот авион над Лонг Ајленд, објавија CBS и Bloomberg.

Летот 1300 на „Спирит ерлајнс“ патувал од Форт Лодердејл до Бостон кога контролорот наводно забележал дека нивните висини се слични и нивните патеки се преклопуваат над Њујорк.

Контролорот постојано им наредувал на пилотите на „Ербас СЕ А321“ на „Спирит“ да го сменат курсот, кревајќи го гласот кога не одговориле веднаш. Во аудио-снимка објавена на интернет, може да се слушне како контролорот му наредува на летот на „Спирит“ да се спушти и да се сврти дваесет степени надесно.

Глас за кој се верува дека е на контролор потоа издаде предупредување „обрнете внимание“ и ја повтори инструкцијата: „Свртете дваесет степени надесно, сега“.

Повторно, гласот им наредува на пилотите на авионот веднаш да свртат надесно, велејќи им дека „сообраќајот е лево од вашето крило на околу осум милји оддалеченост“ и додава:

„Сигурен сум дека можете да видите кој е. Внимавајте на него, тој е бел и син.“

Сè понервозен, контролорот ја повторува инструкцијата, велејќи: „Морам да разговарам со вас двапати секој пат“, пред да повтори: „Обрнете внимание“

Прелиминарните податоци од радарот за летови сугерираат дека двата авиони се приближиле по конвергентни патеки на околу 17 километри, објавува Телеграф.

Доналд Трамп слета безбедно во Лондон подоцна во вторникот и ја започна својата втора официјална посета на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Јас само ги следам упатствата на Тајната служба и војската

Трамп: Можеби сум најважниот претседател во историјата на САД

(РЕКОНСТРУКЦИЈА) Трамп ја призна замената, го префрлиле со камион за храна од еден во друг авион

Судијка ја прошири забраната за уредбата Трамп за гласање по пошта на цела САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Експлозии регистрирани на иранскиот остров Кешм, американската војска има ограничени залихи на некои видови оружје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп се обидува да го укине „породилниот туризам“