Потпретседателот на Думата, Пјотр Толстој, потврди дека Москва ја разгледува и можноста за нуклеарен напад врз Париз во случај француските војници да влезат во Украина.
Толстој за француската телевизија БФМ ТВ изјави дека проектил истрелан од Русија би можел да стигне до француската престолнина за нешто повеќе од две минути.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно предупреди дека може да испрати војници на линијата на украинскиот фронт доколку Русија маршира кон Киев. Макрон рече дека повеќе нема да има „црвени линии“ за вклучување на Франција, чија армија е дел од глобалните сили на НАТО.
Толстој жестоко реагираше на предупредувањето на Макрон.
„Историски е важно Русија да ја обезбеди безбедноста на земјата“, рече Толстој, додавајќи дека земјите од НАТО, вклучително и Франција, поставуваат проектили околу границите на Русија.
На приватен состанок со лидерите на опозицијата во Елисејската палата, Макрон, наводно, ја изложил основата за влегување во војната која беснее две години и им покажал на високи членови на француската влада мапи кои покажуваат каде ќе бидат распоредени француските трупи доколку Русија напредува кон Одеса или Киев.
Толстој ветил дека француските војници нема да се вратат живи.
Ќе ги убиеме сите француски војници кои ќе дојдат на територијата на Украина“, изјави Толстој за BFMTV.