ВИДЕО: Пожар во породилиште во Москва, на 200 луѓе се евакуирани

Од:

Чувар е повреден во пожар што утринава избувна во породилиште во источниот дел на Москва, соопшти руската служба за итни случаи.

– Според ажурираните податоци, евакуирани се 224 лица, спасени се 37. Повреден е чуварот на зградата – изјави за РИА Новости извор од итната служба.

Претходно прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека 39 лица се евакуирани поради пожарот што утринава избувна на седмиот кат од родилиштето во источниот дел на Москва.

Во меѓувреме пожарот е изгаснат, а пациентите и персоналот се сместени во друга зграда на болницата.

Би можело да ве интересира

Карлсон: Западот нема шанси да ја победи Москва

Зеленски: Одлуката на Трамп за руската нафта ѝ носи на Москва милијарди

Кремљ: Ова е отворена агресија против Техеран

(ВИДЕО) Бомбашки напад во Москва: Убиен e полицаец, двајца негови колеги се повредени

Горан Наумовски

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Калас: Москва не е непобедлива – нејзината војска трпи рекордни жртви