ВИДЕО: Пожар во катедрала на Црвениот плоштад во Москва

Од:

Во текот на ноќта избувна пожар во катедралата „Свети Василиј Блажени“ на Црвениот плоштад во Москва, но огнот брзо бил ставен под контрола, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Причината за пожарот во православниот храм, еден од најпрепознатливите симболи на руската престолнина, засега не е соопштена. Подоцна беше потврдено дека пожарот е целосно изгаснат.

Според ТАСС, повикувајќи се на службите за итни случаи, пожарот избувнал во канцеларијата на управителот на катедралата, при што изгореле околу 10 квадратни метри.

Според првичните информации, нема загинати или повредени. На местото интервенирале 10 противпожарни возила.

Катедралата „Свети Василиј Блажени“, изградена во средината на 16 век, е едно од најзначајните архитектонски обележја на Москва. Од 1990 година, заедно со Кремљ и Црвениот плоштад, се наоѓа на Листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on