ВИДЕО: Повеќе од 20 загинати во борбите во Славјанск

Од:

Над 20 лица загинаа во вчерашните интензивни борби меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во реонот на градот Славјанск во источна Украина, јави „Раша тудеј“.

Портпаролот на проруските сепаратисти, кои моментно го контролаат Славјанск, кој е под опсада на украинските сили, изјави дека во најновите судири загинале 20 припадници на локалните „сили за самодобрана“.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во борбите во Славјанск загинале четворица војници, додека над 30 други се ранети.

Министерството додаде дека има жртви и меѓу цивилното население.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, кој се наоѓа во Славјанск, потврди дека во судирите има жртви.

– Тие војуваат против нас, ја напаѓаат нашата територија. Мојата мисија е да ги елиминирам терористите, додаде тој.

Министерот нагласи дека украинските сили, кои, како што рече, „го стегат обрачот“ околу Славјанск, одбегнуваат да пукаа кон цивили.

– Нашата единствена тактика е малку по малку да напредуваме кон центарот на Славјанск, каде во Градското собрание и зградата на државната безбедност се забарикадирани бунтовниците, наведе Аваков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми