(ВИДЕО) Повеќе од 2,2 милиони луѓе се без струја на југоистокот во Мексико

Од:

Повеќе од 2,2 милиони корисници останаа без електрична енергија во државите Јукатан, Кампече и Кинтана Роо во југоисточен Мексико поради проблеми со далноводите, соопшти државната енергетска компанија CFE.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум објави на платформата X дека техничарите работат на враќање на снабдувањето со струја, пишува ABC News.

Подоцна таа рече дека струјата е вратена во поголемиот дел од Мерида, главниот град на Јукатан, поголемиот дел од Кампече и неколку градови во Кинтана Роо, вклучувајќи ги Четумал, Бакалар и Холбокс.

CFE прецизираше дека прекинот се случил веднаш по 14:00 часот во петокот за време на одржување на далноводот.

Кинтана Роо е познат по туристички дестинации како Канкун и Тулум.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кулијакан станa воена зона: „Пуштете не да се ​​убиеме едни со други“

По ликвидацијата на Ел Менчo, 23 затвореници избегаа од затвор

А1он

Мексико во хаос: 74 мртви по смртта на „Ел Менчо“

(ВИДЕО) Туристи се заробени во Мексико: „Ова е без преседан, можеме само да се молиме“

ВИДЕО: Војската го уби Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико, избувнаа немири

Запленети се неколку тони кокаин

Горан Наумовски