Ерупцијата на вулканот Крашениников на Камчатка, прва по 600 години, може да биде поврзана со силниот земјотрес што го погоди Далечниот Исток на Русија минатата недела, објавија руската државна новинска агенција РИА и научниците. „Ова е првата историски потврдена ерупција на вулканот Крашениников по 600 години“, ја цитираше РИА Олга Гирина, раководител на тимот што ги следи вулканските ерупции во Камчатка.
⚡️⚡️ The first ever eruption of the Krasheninnikov volcano occurred in Kamchatka — in the morning it threw ash to a height of 5-6 km.🌋The eruption may be associated with a recent strong earthquake, and it does not pose a threat to residents — the ash plume went towards the… pic.twitter.com/zeGZvfIeX8
— mặt🌗trăng” (@MatTrang911) August 3, 2025
На Телеграм каналот на Институтот за вулканологија и сеизмологија, Гирина рече дека Крашениников последен пат исфрлил лава во 1463 година – плус/минус 40 години – и дека оттогаш не е регистрирана никаква ерупција.
Одделот Камчатка на Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека по ерупцијата на вулканот е забележан облак од пепел кој се искачил на 6.000 метри. Самиот вулкан е висок 1.856 метри. „Облакот од пепел се движеше кон исток, кон Тихиот Океан. Нема населени области на неговиот пат“, соопшти министерството на Телеграм.
Ерупцијата на вулканот е обележана со портокалов код за авијација, што укажува на зголемен ризик за воздухопловството, соопшти министерството.