Ерупциите на италијанските вулкани Етна и помалиот вулкан Стромболи, придружени со исфрлање врела пепел и лава, денеска го подигнаа нивото на тревога на Сицилија и ги принудија властите да ги затворат аеродромите во Катанија.
L'Stromboli, l'Etna i el Popocatepetl. En un sol dia. Ahir pel matí. 🤔😏 pic.twitter.com/TxPYn25qvW
— JosepBastardas ☭ (@josepbastardas) July 4, 2024
Етна, еден од најактивните вулкани во светот, е исклучително активен во последните денови, а нејзините ерупции го осветлуваат небото во близина на градот Катанија, додека Стромболи, на истоимениот остров, кој се наоѓа меѓу Еолските острови во Тиренското Море исфрла лава во морето.
Италијанската цивилна заштита издаде црвен аларм за Стромболи, предупредувајќи на можно влошување на ситуацијата. Министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи рече дека плановите за евакуација на населението во Стромболи се „на подготвеност“. Противпожарната служба на островот двојно го зголеми бројот на дежурни пожарникари.
Околу градот Катанија, на источниот брег на Сицилија, жителите и властите почнаа да ги чистат улиците од вулканска пепел. Поради вулканската пепел оневозможено е користење на пистата на аеродромот, а откажани се сите полетувања и пристигнувања на авиони.