ВИДЕО: Поранешниот принц Ендрју се исели од резиденцијата во Виндзор

Од:

Под товарот на новите откритија во случајот со осудениот педофил Џефри Епстин, поранешниот принц Ендру го напушти својот луксузен дом во Виндзор и се пресели во кралскиот имот Сандрингам во источна Англија, објави Би-Би-Си.

Според информациите, поранешниот принц вчера ја напуштил кралската резиденција Кралска ложа, објавува Би-Би-Си, додека АФП пишува дека Бакингамската палата одбила да ја потврди оваа информација. Би-Би-Си објавува дека Ендру е привремено сместен во објект на имотот Сандрингам додека се реновира неговиот нов дом.

На братот на кралот Чарлс III во октомври му беше наредено да ја напушти луксузната вила каде што живеел повеќе од дваесет години со неговата поранешна сопруга, Сара Фергусон, откако му беа одземени кралските титули поради пријателството со Џефри Епстин.

Во последните денови, притисокот врз Ендру Маунтбатен-Виндзор се зголеми откако се појави во нови документи за Епстин објавени во петокот од Министерството за правда на САД.

Меѓу новите компромитирачки документи се фотографии од него како клечи над жена, како и е-пошта во која го поканува Епстин во Бакингамската палата на „приватен“ состанок. Британскиот премиер Кир Стармер реагираше на овие откритија, велејќи дека поранешниот принц треба да сведочи пред американскиот Конгрес за злосторствата на покојниот педофил.

Жртвата на Епстин, Вирџинија Џуфре, тврдеше дека била принудена да има секс со Ендру три пати. Во 2022 година, тој ѝ платил мултимилионска отштета, но не признал вина. Џуфре си го одзеде животот во својот дом во Австралија минатиот април.

Друга жртва на Џефри Епстин преку својот адвокат изјави дека американскиот педофил ја испратил во Обединетото Кралство во 2010 година за да има секс со Ендру во резиденцијата Ројал Лоџ, во близина на замокот Виндзор.

Портпаролот на британската локална полиција изјави во вторник вечерта дека ќе „истражат оваа информација“, но дека ниту жената ниту нејзиниот адвокат не контактирале со полицијата.

Би можело да ве интересира

Хилари Клинтон: Никогаш не сум го сретнала Епштајн – не сум летала со неговиот авион, не сум го посетила неговиот остров

А1он

Марк Епштајн: Не ме интересираат жртвите, мојот брат беше убиен

Британската влада ќе објави доверливи документи за Ендрју: „Им го должиме тоа на жртвите“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Исчезнаа документите од ФБИ за жена која тврди дека Епстин и Трамп ја злоуптребувале, објави СНН

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Потрага по закопани тела на девојки, дали ранчот на Епстин крие мрачни тајни

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ендру е првиот член на британското кралско семејство уапсен во последните 400 години

Катерина Ѓуровски