ВИДЕО: Полицијата ги растерува демонстрантите од најпрометниот премин меѓу Канада и САД

Од:

Канадската полиција почна да ги растерува демонстрантите кои го блокираат мостот меќу Канада и САД повеќе од 12 часа по стапувањето во сила на одлуката за крај на блокатата соопшти полицијата.

Најпроментиот северноамерикански граничен премин веќе пет дена е блокиран за сообраќај. Петнаесетина камиони и автомобили го блокираат соообраќајот во двата правци, а со тоа и транспортните синџири на детроитската автомобилска индустрија. Според анализа на Би-би-ци, на овој мост днево поминува роба вредна 323 милиони долари.

„Ги повикуваме демонстрантите за се оденсуваат во склад со законот и да бидат мирољубиви“ – порача полицијата од Виндзор, град кој се наоѓа на другата страна на брегот на реката Деторит и го повика населението да ги избегнува областите на кои има протести.

Припадници на безбедносните сили во црни унофрми со жолти елеци се видени како заземаат позиции на мостот пренесува Ројтерс. Бројот на демонстрантите на мостот е самелн во однос на петокот навечер кога беа околу двесте.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо му ветил на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе има брза реакција за премините, вклучувајќи го и мостот „Амбасадор“ да бидат одблокирани.

Вчера судот во Отава нареди прекин на петдневните блокади на мосотвите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Демонстрантите не се повлекуваат, продолжува блокадата на најважниот премин меѓу Канада и САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Со камења против Трудо, противниците на вакцинацијата го нападнаа канадскиот премиер

Канада ги отвори границите за целосно вакцинирани странци

Канада дозволи примање различни вакцини против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Канада дозволи употреба и на вакцината на „Модерна“

Катерина Ѓуровски