ВИДЕО: Демонстрантите не се повлекуваат, продолжува блокадата на најважниот премин меѓу Канада и САД

Од:

И синоќа продолжија судирите меѓу канадската полиција и демонстрантите, кои го блокираа клучниот мост кон САД, и тоа повеќе од седум часа откако властите во воведоа вонредна состојба и одлучија да ја прекинат блокадата на овој важен трговски коридор.

Демонстрантите против строгите владини ограничувања наметнати од пандемијата, го зазедоа и пет дена го држат под блокада мостот „Амбасадор“, нарушувајќи ја меѓународната трговија.

Со своето однесување тие го предизвикаа претседателот Џо Бајден да ги повика на прекин на опсадата, но се уште нема сигнал дека сообраќајот може да продолжи и дека овој важен трговски коридор ќе почне да функционира.

На мостот „Амбасадор“, најфреквентниот копнен граничен премин во Северна Америка, до вчера, петти ден по ред, нема никаков сообраќај.

Околу 15 камиони, автомобили и комбиња го блокираа сообраќајот во двата правци, оневозможувајќи го синџирот на снабдување за производителите на автомобили од Детроит.

„Ги повикуваме сите демонстранти да се однесуваат мирно и во согласност со законот“, предупреди полицијата од Виндзор на Твитер.

Демонстрантите поставија шатори и скари во близина. И иако полицијата успешно ги потисна демонстрантите од долниот дел на мостот „Амбасадор“, во меѓувреме им се придружија повеќе истомисленици на протестот.

 

Полицијата во Отава вчера соопшти дека чека засилување за да стави крај на оваа „незаконска окупација“.

Канадските протести ги инспирираа демонстрантите да организираат слични блокади на конвои во САД, Франција, Нов Зеланд и Австралија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицијата ги растерува демонстрантите од најпрометниот премин меѓу Канада и САД

ВИДЕО: Со камења против Трудо, противниците на вакцинацијата го нападнаа канадскиот премиер

Канада ги отвори границите за целосно вакцинирани странци

Канада дозволи примање различни вакцини против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Канада дозволи употреба и на вакцината на „Модерна“

Катерина Ѓуровски