ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Од:

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека САД ќе бидат подготвени да го нападнат Иран доколку пропаднат нуклеарните преговори, еден ден откако првите индиректни разговори меѓу Вашингтон и Техеран беа опишани како „конструктивни“ од двете страни.

„Ако не можеме да го решиме ова на преговарачка маса, постојат други опции за да се осигураме дека Иран никогаш нема да добие нуклеарна бомба“, изјави Пит Хегсет за Фокс њуз.

„Со она што го правиме против Хутите и во регионот, покажавме способност да одиме далеку, длабоко и многу силно. Не сакаме да дојдеме до таа точка, но доколку е потребно, ќе го сториме тоа за да го спречиме Иран да развие нуклеарна бомба“, рече американскиот министер за одбрана.

Двете земји, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, разговараа во саботата со посредство на Оман.

Хегсет ја опиша дискусијата како „многу конструктивна“, што беше став и на Техеран. Преговорите продолжуваат на 19 април.

Индиректните разговори меѓу Иран и САД во саботата траеја нешто повеќе од два часа. Разговорите во Мускат, главниот град на Оман, се одржаа во посебни простории со официјални лица од Оман кои им пренесоа пораки на иранската и американската делегација.

Иранската државна телевизија објави дека специјалниот пратеник на Трамп Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи „разговарале накратко“ во присуство на министерот за надворешни работи на Оман на крајот на разговорите.

Вашингтон се повлече од меѓународниот нуклеарен договор со Иран во 2018 година, делумно мотивиран од недостатокот на акција против иранската програма за балистички проектили, што се смета за закана за неговиот сојузник Израел.

Но, во вториот мандат, Доналд Трамп одлучи да започне преговори со Техеран за нов нуклеарен договор.

Во исто време, американскиот претседател се закани дека ќе го бомбардира Иран доколку не успеат дипломатските напори и воведе дополнителни санкции против иранскиот нафтен сектор.

Би можело да ве интересира

Трамп воведе царини од 25% за земјите кои тргуваат со Иран

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвав бунт во Иран: Над 500 убиени, Ајатолахот му се заканува на Трамп

Катерина Ѓуровски

Греам тврди: Сенаторите се за ангажман на САД во Иран

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Иран: Голем број вреќи во кои се телата на убиените демонтранти

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Калибаф: Ако нè нападнете, ќе возвратиме уште посилно