ВИДЕО: Пишува со двете раце истовремено на два различни јазици

Од:

Кинеската Чен Сијуан може да пишува со двете раце истовремено: со едната рака на англиски, а со другата на кинески јазик. Несекојдневниот талент го открила случајно, додека се обидувала да излезе на крај со домашните задачи.

Чен, чие име во превод значи „мисли понатаму“, талентот го открила додека одела во средно училиште во северниот дел од Кина, обидувајќи се да заштеди време потребно за пишување на домашните по англиски јазик.

– Додека бев во средно училиште, несвесно пишував со двете раце во исто време, обидувајќи да ги изработам домашните во брзање. Моите пријатели од одделението беа љубопитни, па се обидоа да ме имитираат, но никој не успеа, изјави Чен.

Кинеската на факултет доби диплома по англиски јазик, а сега својата дарба ја користи за пишуање поезија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски