(ВИДЕО) Пилотот на Flydubai раскажува: Лежев на подот, со последен напор ја отворив вратата

Од:

Индискиот пилот Смит Мачхар раскажа како за време на летот на „Флајдубаи“ од Дубаи кон Тел Авив бил нападнат од копилотот, а потоа, откако забележал дека авионот нагло ја губи височината, успеал да ја отвори вратата од кокпитот за да им овозможи на патниците да помогнат.

Во видеоразговор со индискиот премиер Нарендра Моди, Мачхар кажа дека лежел повреден на подот додека копилотот продолжил да го напаѓа со нож.

„Лежев повреден на подот, но си реков дека морам да соберам сили за уште еден, последен обид да ја отворам вратата одвнатре“, рекол пилотот.

Откако вратата била отворена, во кокпитот влегле патници, кои помогнале ситуацијата да биде ставена под контрола.

„Се борев за сопствениот живот, но истовремено знаев дека нема да дозволам и други да загинат“, вели Мачхар.

Авионот потоа принудно слета во Саудиска Арабија. Пилотот прво бил пренесен во болница во Табук, а потоа со авион бил префрлен во Абу Даби. Според индиската амбасада во Обединетите Арапски Емирати, тој е во добра состојба и успешно се опоравува.

Индискиот премиер Моди му рече на пилотот дека неговата храброст, трпение и брза реакција спасиле многу животи.

Би можело да ве интересира

Flydubai со радикална мерка по нападот на летот за Тел Авив: Ги суспендираат сите летови до Израел

Катерина Ѓуровски