ВИДЕО: Петмина загинати при акција на украинските сили во Славјанск

Од:

Петмина проруски сепаратисти загинаа, а еден украински војник е ранет денеска при акција на припадници на Воорижените сили на Украина за враќање на контролата врз градот Славјанск во источниот дел на земјата, соопшти украинското Министертсво за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека украинските сили уништиле три контролни пинкта на сепаратистичките паравоени групи во североисточниот дел на Славјанск.

Портпаролката на локалните прорускки паравоени „сили за самоодбрана“, Стела Хорошева, пак, соопшти дека при судирите загинале најмалку двајца нивни борци.

Западните медиуми преходно јавија дека оклопни возила на украинската Армија денеска навлегле во Славјанск, кој важи за главно упориште на проруските сепаратисти во источна Украина.

ИТАР-ТАСС информира дека укаринските војници со пет околопни возила, потпомогнати од два хеликоптера, се пробиле на 10 километри од центарот на Славјанск.

Телевизијата „Росија 24 јави дека проруските сепаратисти подготвуваат „оклопна техника“ и дека на барикадите во Славјанск се распоредуваа снајперисти.

Самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономарјов го повика своите сограѓани да останат во нивните домови.

Локалните медиуми јавуваат дека на проруските силите во Славјанск на помош им дошле добровилци од соседниот град Красниј Лиман.

Утрово украински војници во маскирни униформи со ознаки на десантните единици со шест оклопни возила БМД-3, се распоредија на 12 километри од Славјанск, во селото Малиновка што се наоѓа на главниот пат кон Доњецк. Војниците поставија контролен пункт на патот и ги проверуваат возилата кои се движат од и кон Славјанск.

Украинската Влада најави дека по завршувањето на велигденските празници ќе ја возобнови „антитерористичката операција“, чија цел е да ги врати под контрола градовите во источниот дел на земјата со кои сега раководат локалните проруски сепаратисти.

Две лица загина минатата ноќ кога засега непознати напаѓачи отвориле оган врз контролен пункт на проруските сепаратисти во близина на градот Славјанск во источниот дел на Украина.

– Секоја ноќ на некој од нашите пунктови се случува некаков инцидент. Овој пат, членови на силите за самоодбрана пришле кон вооружените лица кои минувале и им побарале лични карти. Тие на тоа возвратиле со отворање оган, соопшти утрово Хорошева.

Таа нагласи дека во тек е истрага со цел да се утврди кој стои зад нападот.

Украинските власти соопштија дека нивните сили синоќа одбиле напад врз базата во Артемивск, град што се наоѓа меѓу Доњецк и Славјанск. При нападот е ранет еден украински војник, кој се наоѓа вон животна опасност.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својот профил на Фејсбук денеска објави дека нападот го извршиле „околу 70 лица предводени од руски војници“.

Украинското Министерство за одбрана пак соопшти дека нападот го извршиле „близу сто напаѓачи со автомати, пушко-митралези и бомби“. – Напаѓачите беа одбиени и претрпеа значителни загуби, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми