Петмина цивили се убиени во артилериски напад врз црква и болница во источната украинска Доњецка област.
Инцидентот се случил вчера во селото Кировске, соопшти на својата интернет страница Украинската православна црква.
Црквата е целосно разурната. Три лица се убиени, а неколумина се ранети. Една граната паднала во болницата, која се наоѓа во близина, при што се убиени уште две лица.
Изминатите 24 часа украинската армија загубила петмина свои припадници во борбените дејствија, а осуммина се ранети, соопшти портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Лисенко.