Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува NBC News.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да соопшти што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити поради сомневање дека има тела внатре, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.