Новинарката Марина Овсјаникова беше сослушана во Окружниот суд Останкино.
Медиумите прво објавија дека и се заканувале 15 години затвор, што е казна за ширење дезинформации.
Но, и се судеше за „непријавен јавен собир“, а за тоа и се закануваа 10 дена затвор, 50 часа јавна работа или парична казна од 30.000 рубљи, што е околу 250 евра.
Според руските медиуми, таа е осудена на парична казна од 30.000 рубли.
Таа во првата изјава им се заблагодари на новинарите и на медиумските здруженија за поддршката, и дека два дена е без сон.
„Бев изолирана 14 часа, испрашувањето траеше толку долго, не можев да контактирам со моите роднини, сето тоа време бев без вода и без медицинска помош“, изјави таа на новинарите по излегувањето од судницата, додавајќи дека ќе има повеќе коментари во наредните денови.