(ВИДЕО) Напаѓач рани три лица во напад со нож во метрото во Брисел

Од:

Во метро станицата Шуман во бриселскиот кварт во близина на седиштето на европските институции маж со нож ги нападна присутните.

Неколку лица се повредени, но полицијата брзо успеала да го уапси насилникот.

Човекот го започнал нападот со нож додека бил во вагон во метрото пред да истрча низ станицата обидувајќи се да ги нападне присутните, изјавија неколку очевидци.

Еден млад човек е тешко повреден, а неколку од нив се здобиja со полесни расекотини. На местото веднаш пристигнале бројни полицајци и две возила на брза помош.

Човекот не бил на списокот за следење на Единицата за координација за анализа на закани, која ги следи терористичките активности во Белгија и не е познат на разузнавачките служби на Државната безбедност. Како таков, веројатно може да се исклучи терористички акт, пишува brusselstimes.

Врз основа на однесувањето на мажот, набљудувачите шпекулираа дека тој страда од психолошки проблеми.

Во меѓувреме, персоналот кој работи во Европската комисија доби безбедносно предупредување да ја избегне областа на метро станицата Шуман.

Станицата во моментов е затворена по наредба на полицијата, а метрото е во прекин, соопшти бриселското јавно сообраќајно претпријатие СТИБ.

Би можело да ве интересира

Официјален Брисел криеше дека Фон дер Лајен е во болница

Немири во Брисел, уапсени 159 лица

Усвоена е декларација во Брисел: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Мицкоски, Муцунски и Муртезани во Брисел

Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети, отповикан од амбасадата во Брисел

A1on

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски