ВИДЕО: Огромна експлозија на Крим, уништен важен брод на руската морнарица

Од:

Украина изврши воздушен напад врз кримското пристаниште Феодосија, изјави командантот на украинските воздухопловни сили, откако гувернерот на Крим назначен од Русија изјави дека нападот предизвикал пожар во пристаништето на градот.

Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, објави на Телеграм дека во нападот бил уништен важен брод на руската морнарица, амфибискиот јуришен брод Новочеркаск, но тој не обезбеди докази за тоа.

– Руската флота е се помала и помала! Благодарност до воздухопловните пилоти и сите кои учествуваа во работата! – рече Олешчук.

Ројтерс наведува дека споменатите наводи во моментов е невозможно да се проверат.

Претходно, Сергеј Аксјонов, рускиот гувернер на Крим, само рече дека украинскиот напад резултирал со пожар во пристаништето во градот, кој веднаш бил локализиран.

– Сите релевантни служби за итни случаи се на лице место. Жителите на некои куќи ќе бидат евакуирани – објави Аксјонов на Телеграм.

Снимките објавени од неколку руски медиуми на Телеграм покажуваат силна експлозија и пожар над областа на пристаништето.

Во 2014 година Русија го анектира Крим, кој е меѓународно признат како дел од Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски