(ВИДЕО) Објавена е снимка од ранетиот премиер на Словачка по атентатот

Од:

Се појави видео од атентатот врз премиерот на Словачка Роберт Фицо, кој денеска беше тешко ранет во градот Хандлов. Според последните информации, Фицо бил ранет, а напаѓачот наводно пред нападот му рекол: „Робо, дојди овде“ и тогаш почнала пукањето.

На видеото се гледа како Фицо лежи ранет на тротоарот, опкружен со телохранители, кои потоа го земаат и го носат до автомобилот.

Според словачките медиуми, до пукањето дошло откако Фицо ја напуштил салата и дошол меѓу насобраните.

Засега не се познати деталите за овој инцидент, а на терен се бројни полициски сили. Според последните информации, напаѓачот е уапсен.

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Фицо: ЕУ мора да се оддалечи од војната во Украина и да стане суверена на своите позиции

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО