ВИДЕО: Новинар убиен од полицијата додека известувал за протестите во Индија

Од:

Полицијата во североисточна Индија убила телевизиски репортер кога почнала да пука кон демонстрантите кои протестирале поради сексуален напад врз една актерка.

Според полицијата, репортерот Бизмани Синг од националната телевизиска мрежа Дурдаршан, бил случајно застрелан додека известувал од протестите во Импал, главен град на државата Манипур.

Демонстрантите бараат апсење на еден сепаратистички лидер кој избегал откако наводно јавно злоставувал една актерка.

Во меѓувреме, полицијата во главниот град на Индија Њу Делхи втор ден по ред користи водени топови и гумени палки да ги растера гневните демонстранти кои протестираат поради бруталното претепување и силување на 23-годишна студентка што се случи на 16 декември.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати