Во американската сојузна држава Џорџија, во градот Брукхавен, недалеку од Атланта, дошло до пукање во кое еден маж е убиен, а уште тројца се повредени.
Пукањето се случило во стан, а полицијата го примила повикот околу 10:35 часот по локално време.
Полициските службеници рекоа дека ја продолжуваат истрагата и се во комуникација со сведоците. Тие рекоа дека не се сигурни кој е мотивот за пукањето.
Не соопштуваат кој е сторителот.