Еден далновод и повеќе од дваесетина куќи беа оштетени во најновиот украински воздушен напад врз градот Белгород, а руските воздушни сили уништија 25 проектили над поширокиот регион Белгород, соопштија руските власти. „Има една жртва – една жена е ранета во ‘рбетот од шрапнел“, изјави за апликацијата за пораки Телеграм, гувернерот на јужниот руски регион Белгород, кој граничи со Украина, Вјачеслав Гладков.
🇺🇦🔱 In the morning, residents of Belgorod enjoyed the sounds of ES-Ve-O and evaluate the results of the work of Pe-Ve-O pic.twitter.com/6VwPOMpLKj
— Tracey SBU Fella 🇬🇧🇺🇦 #NAFO (@trajaykay) May 14, 2024
Тој рече дека се оштетени околу 24 куќи и далновод. Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 25 ракети лансирани од Украина од повеќе ракетни системи RM-70 Vampire (MLRS), објави руското Министерство за одбрана на Telegram.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.
Украинските напади на Белгород повторно се интензивираа во последните месеци, а според Русија, овие напади станаа посмртоносни. Петнаесет лица загинаа, а десетици беа повредени во неделата кога делови од станбена зграда се урнаа откако беа погодени од ракетни остатоци, соопштија руските власти.
И Украина и Русија велат дека не се насочени кон цивили во војната што избувна кога Русија го нападна својот помал сосед во февруари 2022 година, во она што Москва го нарече „специјална воена операција“.