Палестинската Црвена полумесечина (PRCS) сподели кратко видео на кое се гледа оштетено амбулантно возило. Целта на нападот „била група амбулантни возила кои се враќале од мисија за транспорт на повредени луѓе до границата Рафах“, вклучително и возило на PRCS, се вели во соопштението.
🚑❌At precisely 16:30, Israeli occupying forces launched an airstrike on Rashid Street in the western part of #Gaza, their target was a group of ambulance vehicles returning from a mission to transport injured individuals to the Rafah border, which included an ambulance… pic.twitter.com/wQRFKfrLZY
— PRCS (@PalestineRCS) November 3, 2023
Првите информации велеа дека конвојот се движел кон преминот Рафах и дека превезувал критични пациенти. Но, PRCS соопшти дека конвојот се враќал од Рафах.
Се тврди дека конвојот бил нападнат од израелските сили на улицата Ал Рашид во Газа.
Израел за прв пат се огласи за нападот на конвојот амбулантни возила во Газа.
Претставник на израелските одбранбени сили (ИДФ) изјави за Скај њуз: „Во тој конвој имаше терористи“.