Во нападот на украински беспилотни летала на Воронеж, повредено е малолетно девојче на кое и била укажана лекарска помош на лице место, објави гувернерот Александар Гушев на својот канал Телеграм.
„Според нашите колеги од Министерството за вонредни состојби, на детето му била потребна медицинска помош откако во станот паднале фрагменти од соборениот дрон. Девојчето, родено 2013 година, се здобило со расекотини на рацете, нозете и вратот“, изјави тој.
⚡️⚡️⚡️ Explosions at Voronezh, Russia 🇷🇺 airport.
Must be terrible when your neighbor bombs your airports, Putin?
Welcome to the jungle. pic.twitter.com/XXqvMezioe
— Jason Jay Smart (@officejjsmart) January 16, 2024
Гушев истакна дека медицинските лица подоцна повторно ќе го посетат ова семејство за да се уверат дека нема други последици. Тој додаде дека надлежните ја продолжуваат истрагата од врата на врата за проценка на материјалната штета. По нападот со дрон, во областа е прогласена вонредна состојба.
Руските системи за противвоздушна одбрана уништија три украински беспилотни летала над југозападниот регион Воронеж кој граничи со Украина, објави претходно руското Министерство за одбрана на Телеграм. Гушев прво тврдеше дека се скршени стакла на неколку згради и куќи во градот Воронеж, но дека никој не е убиен или ранет.
📽️🇷🇺 Residents of Voronezh have already counted more than 15 explosions. Locals find wreckage of drones in the city. pic.twitter.com/Hg4lQCaJIq
— Offensive Lynx (@OffensiveLynx) January 16, 2024
Локалните жители известија дека слушнале серија силни експлозии и виделе блесоци на небото над центарот на градот. Би-би-си на руски објави дека одекнале „околу 10 експлозии“. Околу 4 часот наутро по локално време, жителите на Воронеж пријавиле нови експлозии.
Сè уште нема коментари од Украина. Киев ги интензивираше своите воздушни напади врз руската воена инфраструктура во последните месеци за да ги поткопа воените напори на Москва. Русија има воздухопловна база во близина на градот Воронеж, каде се наоѓаат бомбардери Сухој Су-34, јавуваат руските медиуми.