ВИДЕО: Напад со нож во болница во Лондон, двајца повредени

Од:

Вооружени полицајци реагирале на инцидент во болница во северозападен Лондон, јавуваат британските медиуми.

Во меѓувреме, еден маж беше уапсен откако полицајците одговорија на пријавите за напад во Централната болница Мидлсекс околу 14 часот денес.

Двајца повредени, напаѓачот уапсен.

„Напаѓачот е уапсен“, соопшти полицијата и ги повика сите да ги следат нивните упатства. Од полицијата додаваат дека две лица се повредени, едното е во животна опасност, другото не.

Полицијата уапси маж пред болницата. Тој, исто така, бил однесен во болница со повреди за кои се претпоставува дека тој самиот си ги нанел. Неговата состојба се смета за опасна по живот.

Би можело да ве интересира

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Човек со палестинско знаме сè уште e на врвот на Вестминстерската палата

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он