(ВИДЕО) Најмалку две лица се застрелани во Филаделфија додека луѓето го славеле Рамазан Бајрам

Од:

Најмалку две лица се застрелани во Филаделфија додека луѓето го славеле Фитр Бајрам или Рамазан Бајрам, јавува WHYY News.

Полицијата е силно присутна во областа каде што се случи престрелката. Извори на тој медиум објавија дека четири лица во моментов се во притвор, а пукал и полицаец.

Маж кој бегал од местото на настанот бил удрен од автомобил. Сè уште не се знае степенот на неговите повреди.Неколку деца, на возраст меѓу две и 14 години, беа одвоени од нивните семејства. На локацијата е поставен контролен пункт за повторно обединување на членовите на семејството.

Престрелката се случила во областа каде жителите го славеле Рамазан Бајрам, крајот на светиот месец Рамазан. Оставени се масите, столовите и шаторите во паркот каде се одржуваше прославата.

Би можело да ве интересира

Најмалку тројца мажи загинаа во престрелка во Филаделфија, шест лица се повредени

Едно лице загина во близина на местото на конвенцијата на Републиканската партија во САД

Горан Наумовски

САД: Две лица се убиени, тројца се ранети во напад со нож

Полицаец во САД застрела тинејџер кој му впери пиштол-реплика

Седум лица се ранети, меѓу кои четири деца во престрелката во Небраска

Тројно убиство во близина на Атланта