Бројот на повредени во пожарот што избувна денеска во московското метро достигна 47 лица, од кои седум се пренесени во болница, соопшти руското Министерството за вонредни ситуации.
Пожарот е целосно изгаснат во рок од 40 минути, а метрото сега нормално функционира. Истрагата за причините за пожарот се во тек.
– Пожарот, кој избувнал во еден од тунелите, каде се запалил електричен кабел, веќе е изгаснат, изјави Виктор Бурјуков од московскиот центар на Министерството за вонредни ситуации.
Поради чадот од метрото беа евакуирани 4.500 лица. Метрото е основно превозно средство во Москва и дневно го користат до седум милиони луѓе.