ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Од:

Жичница се урна денеска во шпанскиот регион Арагон, при што се повредени најмалку 30 луѓе, соопшти регионалната влада.

Околу 80 луѓе остануваат заробени на жичницата ски-центарот Астун, во провинцијата Хуеска.

Причината за несреќата останува непозната.

Раководството на ски-центарот одбива да коментира и засега не се знае дали меѓу повредените има и странци.

Неколку хеликоптери работеа во областа за да ги спасат скијачите кои се уште беа заробени на лифтот и да ги пренесат повредените во блиските болници.

Скијачкиот центар Астун, кој е популарен претежно меѓу шпанските скијачи, се наоѓа во близина на границата на Шпанија со Франција, во планинскиот венец Пиринеите.

Би можело да ве интересира

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации